ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: претпладне сончево, попладне можен пороен дожд

Денеска претпладне се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме. Дневната температура ќе се движи од 24 до 33 степени. Во Скопје и околината слично време, со температура до 31 степен.