МАКЕДОНИЈА

Се тепале малолетници и жени, насилни кражби – Викендов во Скопје низа инциденти

Кражби на насилен начин и неколку физички напади и пресметки се регистрирани изминатиов викенд во главниот град.

Advertisements

Како што информира МВР во дел од случаите се употребувани и остри и тврди предмети, а дел од учесниците во немилите настани завршиле и во болница.

-На 27.08.2022 во 13.20 часот во Полициска станица Центар, Г.У.(19) од Скопје пријавила дека во времето од 02,40 до 03,00 часот во близина на угостителски објект на подрачје на Центар таа и нејзиниот познаник М.Г. биле физички нападнати од две лица кои и одзеле ранец со лични документи и предмети.

 

-На 28.08.2022 во 02.00  часот С.К.(48) од Скопје пријавила дека на 27.08.2022 околу 22.00 часот на подрачјето на Центар нејзината малолетна ќерка била физички нападната од друг малолетник со кого се познавале. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

-На 27.08.2022 во 22.07 часот во СВР Скопје од Градската општа болница “8-ми Септември“ било пријавено дека кај нив била донесена Т.Ј.З.(28) од Скопје со повреди здобиени од физички напад. Имено според пријавеното, истиот ден околу 11.00 часот во с.Волково таа била физички нападната од две женски лица. Се работи на расчистување на случајот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button