Пратениците од утре на работа, во фокусот уставните судии и амбасадорите

По речиси еден месец одмор, во вторник пратениците се враќаат во Собранието. Двете работни тела кои се во фокусот на јавноста се Комисијата за прашања за избор и именувања, каде што кандидатите за Уставниот суд треба да се филтрираат и Комисијата за надворешна политика, каде предлозите за амбасадори треба да го поминат необврзувачкиот филтер на законодавецот.
Во Комисијата за избори и именувања расправата не е ограничена, додека опозицијата до последното продолжение ја блокираше дискусијата читајќи ја биографијата на еден кандидат од секој пратеник. Опозицијата обвинува дека кандидатите се кадри на партиите од власта, а посебен акцент се става на кандидатурата на актуелниот главен обвинител, Љубомир Јовески, за нов уставен судија.
Работата на Комисијата за надворешна политика заглави при разгледувањето на профилите на кандидатите. Собранискиот филтер досега го помина само Зоран Попов, за нов амбасадор во САД. На последниот повик на министерот за надворешни работи, Бујар Осман, упатен до првиот човек на комисијата, Антонио Милошоски, да се закаже седница на работното тело, Милошоски не одговори и не сакаше да коментира. Османи најави дека со испраќањето амбасадори може да се најде решение и без Собранието, поточно со одлука на претседателот Стево Пендаровски. С Македонија е без амбасадори во Бугарија, Канада, Норвешка, Брисел и Франција, а мандатот на амбасадорот во ЕУ наскоро завршува.
Адриан Керими