МАКЕДОНИЈА

Ибрахими: Злоупотреби на струја има во секоја општина, не само во Арачиново

Градоначалникот на општина Арачиново, Ридван Ибрахими вели дека не е коректно тоа што фокусот на злоупотреба на струјата е ставен само во Арачиново, бидејќи податоците покажуваат дека струја се злоупотребува во секоја општина. Тој порача дека не треба да има колективна казна за жителите на Арачиново. Според Ибраими, минатото раководство на општината е одговорно за зголемената злоупотреба на електричната енергија во Арачиново.

Advertisements

“Мислам дека е доволно да се каже дека пред 2017 година немало вакви големи злоупотреби. Тоа значи дека во последните четири години од тогашната локална власт беше дозволено да се злоупотребува струја според аргументот со кој излезе компанијата ЕВН и мислам дека е јасно каде е проблемот“, вели Ибрахими.

Во меѓувреме, ЕВН ја продолжи работата на терен.

Екипите на ЕВН и денеска ја продолжија работата во Арачиново за поместување на броилата за струја надвор од куќите или на бандери. Според информациите од терен, работата се одвива непречено и без проблеми.

Од ЕВН хоум велат дека работите ќе траат долго, за да се реализира планот по што жителите на Арачиново нема да имаат прекини на струја.

„Екипите за дистрибуција на електрична енергија од вчера излегоа на терен во Арачиново и без проблем започнаа со реализација на првата фаза од планот. Во оваа фаза се врши увид на мрежата, по што ќе следи реконструкција за подобрување на снабдувањето и санирање на дефектите кои биле резултат на дивите приклучоци. Реконструкцијата ќе трае со месеци, дури и повеќе од една година. Целосното спроведување на планот значи непречено и без дефекти снабдување за жителите на Арачиново“, соопштија од ЕВН.

ЕВН хом соопшти дека поради големиот број диви приклучоци во Арачиново, постојано има прекини на електрична енергија. Според компанијата, овие приклучоци и нанеле голема финансиска штета на компанијата како и бројни проблеми со мрежата.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button