Во Скопје протест во знак на солидарност со злоставуваното девојоче во Косово

Во знак на солидарност со протестот во Приштина и Тирана, протест беше организиран попладнево и во Скопје. Демонстрантите, кои беа во помал број од оние во главните градови на Косово и Албанија, побараа законски измени, итна реакција на институциите, заострување на казните и објавување на имињата на силувачите и педофилите. Организаторите дури информираа дека денеска дел од нив биле нападнати на протестот.
„Вие воспитувајте ги мамините деца да научат да се однесуваат со девојчиња. Едуцирајте ги боемите, затоа што нив не ги пере ни сапун, а девојките куршум. Ова е старомодно мото. Воспитувајте ги вашите синови, бидејќи моралот не е само кај нивните сестри, а сите други жени можат да бидат само бројка за искористување“, вели една учесничка во протестот.
„Облекувањето била провокација“, „Сама си го барала“, тоа се зборови на насилниците. Мажите не го прават тоа, насилниците, да. Можеш да бидеш покриен од глава до пети, можеш да бидеш целосно гола, никој нема право да те допира“, додаваат учесниците на протестот.
„Ако вакво нешто се случи во Америка, ќе биде осуден на доживотен затвор. Затоа, никогаш не молчете. Што и да ви се случи, треба да пријавите кај надлежните. Ако тие не преземат мерки, се оди понатаму, до крај“, додаваат учесниците.