
Косово, Србија и мировниците на НАТО се подготвуваат за евентуален нов бран етнички тензии денеска, неколку часа откако Приштина објави дека околу 50.000 етнички Срби кои живеат во северно Косово ќе имаат рок од два месеца да ги сменат нивните регистарски таблички на автомобилите. Косово, кое е претежно етнички Албанци, се обидува да ги принуди етничките Срби да ги прифатат мерките на владата во Приштина и во рутинските бирократски прашања од независност во 2008 година.
Во објавувањето на крајниот рок за возачите да ги префрлат српските регистарски таблички на оние издадени од Приштина, косовскиот премиер Албин Курти ја опиша одлуката како „ништо повеќе или помалку од израз на практикување на суверенитетот“. Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека не верува оти е можен договор со Косово за ова прашање.
„Од 1 септември (Косово) … ќе се обиде да ги принуди Србите да ги сменат табличките,… Мислам дека нема да имаат голем успех“, им рече тој на новинарите.
Тензиите повторно се разгореа минатиот месец откако Приштина објави дека правилото ќе стапи на сила на 1 септември, што ги натера етничките Срби да поставуваат блокади на патиштата. Тензиите се намалија откако Курти, под притисок на САД и ЕУ, се согласи де се откаже од издавањето посебни документи за влез и излез на лицата кои ја преминуваат границата. Блокадите на патиштата беа отстранети под надзор на НАТО, кој има околу 3.700 мировници на Косово. Министерството за одбрана во Србија која одбива да го признае независно Косово и го смета за составен дел од српската територија, вчера соопшти дека ја зголемило готовноста на некои од своите војници сместени во гарнизон во близина на границата со Косово.