ВЕСТИЕКОНОМИЈА

„Сами си штедиме струја и без да ни каже Владата“

До 15-ти секој месец раководителите на јавните институции и претпријатија, имаат обврска да поднесуваат извештај до Владата, за потрошената струја во претходниот месец. На тој начин централната власт ќе направи споредба со потрошената струја во истиот месец минатата година и ќе знае дали вработените во институцијата штеделе или не. Доколку нема заштеда, следува санкција за шефот – каква, засега не откриваат од Илинденска број 2.

Advertisements

„Службата за општи и заеднички работи го исклучи фасадното осветлување на зградата на Владата и зградата на СОЗР и двете во нејзина надлежност“, наведуваат од Владата.

Додека овие 24 часа во државните институции работат со пригушено светло, тврдат дека не користат лифтови и оти клима уредите ги користат „со усул“, во приватниот сектор веќе одамна се штеди и без некој да им каже. Од Стопанската комора ѝ порачуваат на Владата дека на индустријата ѝ треба струја субвенционирана од државата, а не препораки за домаќинско трошење.

„Никој не треба на компаниите да им каже дека треба да штедат бидејќи во интерес им е да ги редуцираат трошоците на минимум. Тоа и самите го знаат и самите го прават“, рече Зоран Јовановски Стопанска комора.

Последиците од енергетската криза веќе ги чувствуваат граѓаните. Пред камерата на Алсат тие велат дека најголем проблем очекуваат зимава да им биде топлењето на домовите.

„Ќе научиме ли да штедиме електрична енергија? Да, да ќе научиме. Како ќе штедиме? Готвам на плин, телевизорот ќе го пуштиме попладне.“

„Морам да штедам. Ова другиве тешко, ги гледам одат трошат, па си викаат – ќе трошам струја бе. Плаќа кафе 100 денари, на тој не му е проблем има пари.“

„Колку би заштедиле? Еее, 200-300 денари. Не многу. Бојлер мора да се пушти, машина мора да се пушти, ручек мора да се направи“, велат граѓаните.

Дека ситуацијата е крајно алармантна покажуваат податоците дека со почетокот на глобалната енергетска криза, цената на мазутот е зголемена за речиси 100%, јагленот е поскап за 200%, цената на гасот рипна за дури 700%, а струјата е покачена за 1.000%.

Иле Петревски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button