Артан Груби „търси“ проевропски вмровци за да се смени Уставот
Артан Груби „търси“ проевропски вмровци за да се смени Уставот

Уставните промени мора и ќе се случат. Проевропското крило во опозицијата расте и во моментов се преговара за да ги поддржат овие промени, вели вицепремиерот Артан Груби. Тој дури рече дека македонскиот народ е најголемиот победник од овој процес.
„Велам дека бугарската страна потврдува дека има апсолутна разделба и дека македонскиот народ и македонскиот јазик постојат, дека тоа е реалност и тоа го прифаќаат со овие уставни измени. Ценам дека проевропското „крило“ кое расте кај опозицијата во Собранието, ќе даде поддршка за уставните измени, веќе имаме контакти, комуницираме со пратениците и лидерите на политичките партии за начинот и тие да обезбедат поддршка за европска Македонија“, рече Артан Груби, вицепремиер.
Дека се разговара потврдува и пратеничката од СДСМ, Даниела Николовска.
Но, ВМРО-ДПМНЕ го обвинува вицепремиерот Груби за ширење лажни вести и лаги. Тие бараат од претставниците на мнозинството доколку го имаат потребниот број пратеници за уставните измени, веднаш да ги стават на дневен ред следната недела, во спротивно, бараат оставка од премиерот Ковачевски.
„ВМРО-ДПМНЕ ја повикува власта ако ги има пратениците за уставните измени кои се докажа дека ги немаат, нека ги стават на дневен ред следната недела. Во спротивно, Ковачевски веднаш да поднесе оставка. Прашањето за уставните измени не е дали сме „за“ или „против“ Европската унија, туку дали сме против искривување на идентитетот и прифаќање на бугарските ултиматуми“, велат од ВМРО.
За уставните амандмани за вклучување на Бугарите во преамбулата потребно е двотретинско мнозинство кое власта го нема./Alsat.mk
Ајнур Бафќари