ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Наместо парно-греење, учениците во Одри добија калорифери

Наместо парно-греење, учениците во Одри добија калорифери

Околу 130 ученици од ОУ „Фаик Коница“ во село Одри, општина Теарце, по сè изгледа и оваа зима ќе ја поминат со недоволно загреани училници. Ветувањето од Министерството за образование и општината дека ќе се спроведе парно, не се реализираше. Поради тоа, наместо парно или инвертери како што барале родителите, општината им донесе калорифери ан струја, кои според нив, ќе биле доволни.

Advertisements

„Минатата година интервениравме за парно, покрај греењето со нафта, поставивме и грејни тела за греење на струја. Подготвени сме за учениците во тоа училиште во однос на греењето и рационализацијата на трошењето енергија, подготвени сме учениците да учат во комфорни услови и со греење како што имаат другите училишта. Капацитетот е една греалка да грее една училница“, изјави Мухамет Реџепи, раководител на сектор за образование во Теарце.

Но, за какви греалки зборуваат од општина Теарце и Министерството за образование? Цела училница треба да се грее со калорифер или познат како тајфун. Дали ќе биде доволно за минусните температури, сами проценете.

Министерот за образование Јетон Шаќири, кој вети дека проблемот ќе се реши за време на летниот распуст, сега не знае дали општина Теарце доставила проектна документација за парно греење и за нова електрична инсталација или не.

„За 2023 година имавме повик и за училиштето во Одри и за други училишта, а за прв пат освен општината, имаше и училишта кои можеа да достават проекти. Проекти доставија повеќе од 150 училишта. Верувам дека за овој дел, за конкретниот случај со училиштето во Одри, ќе се обидам да одговорам дали е доставен некаков проект за училиштето. Откако ќе ги видам сите барања од општина Тетово, ќе можам да ви дадам одговор за проектите што ги доставила општината“, рече Јетон Шаќири – министер за образование и наука.

Новинар: Дали некој сноси одговорност за овие деца кои повторно зимата ќе ја поминат на студ и без парно?

„Сега… разберете дека со образовниот процес раководат централната и локалната власт. Ќе бараме сите да бидат одговорни, а ако има директор на училиште и општина ќе видиме и до каде е прашањето со документацијата. Доаѓа зима и ако имаме време во наредниот период ќе ги организираме процедурите што поскоро“, рече Јетон Шаќири – министер за образование и наука.

Инаку, минатата година родителите не им дозволија на децата да одат на училиште, барајќи подобрување на училишните услови. Од сите ветувања, во оваа училишна зграда се сменети само прозорците. Од општина Теарце за Алсат велат дека почнале со подготовки за парно греење, но за нова електрична инсталација не се ни разговарало./Alsat.mk

Башким Сулејмани

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button