ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

ВМРО: Член на СДСМ, вработен во фирма што купила евтина струја

ВМРО: Член на СДСМ, вработен во фирма што купила евтина струја

Енергетската криза повторно во фокусот на партиските преписки. Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку Фејсбук ја обвини Владата дека вишокот ноќна струја се продава поевтино од реалната цена. Марија Митева од ВМРО тврди дека имаат и докази кои докажуваат оти член на СДСМ е вработен во фирма што купила ваква струја.

Advertisements

СДСМ возврати дека кога на чело на ЕЛЕМ бил Христијан Мицкоски, струјата се купувала по многу висока цена и кога немало енергетска криза.

„Мицкоски како директор на ЕЛЕМ купуваше струја по цена од три до четири пати повисока од пазарната. Во негово време струјата се зголеми за 100%. Тоа се случуваше во време кога немаше криза“, велат од СДСМ.

Од оваа партија потенцираат дека Владата ги презема сите неопходни мерки за ублажување на последиците од кризата. Во меѓувреме, од ЕСМ велат дека регионалната соработка за справување со енергетската криза ќе се реализира преку акционерското друштво ЕСМ, додавајќи дека станува збор за договорени проекти во рамките на Отворен Балкан и други форми на соработка меѓу земјите од регионот./Alsat.mk

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button