Во август сообраќајната полиција санкционирала 1678 прекршоци во тетовскиот регион
Во август сообраќајната полиција санкционирала 1678 прекршоци во тетовскиот регион

Во текот на август годинава, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на поширокото тетовско подрачје, во тековни-редовни и 34 акциски контроли вкупно откриле и санкционирале 1678 различни видови неисправности.
Во контролните активности, реализирани минатиот месец, а поради констатирани прекршоци, од сообраќај билe исклучени 60 возила, од кои 50 поради истечена регистрација до и над 30 дена, а десет поради утврдена техничка неисправност.
– Во август, исто така, од сообраќај биле исклучени и 186 возачи, од кои 107 управувале без возачка дозвола, 35 под дејство на алкохол, 26 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија возачи, седум со несоодветна категорија и 11 со важечка забрана за управување. Покрај тоа, во периодот за кој станува збор, времено биле одземени вкупно десет возила од кои за истечена регистрација повеќе од шест месеци седум возила и за бучавост три возила, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Одземени биле и 49 возачки и 35 сообраќајни дозволи, додека тетовската „пајак-служба“ вкупно подигнала 378 непрописно паркирани возила, најмногу во централното подрачје на Тетово, каде е и најголема вкупната сообраќајна динамика и фрекфренција на возила и пешаци.