Ексклузивни детали од обвинението за пожарот во модуларната болница
Ексклузивни детали од обвинението за пожарот во модуларната болница

Телевизија Алсат ексклузивно дознава детали од кривичниот случај за Модуларната болница во Тетово, која беше зафатена во пожар на 8 септември минатата година. Извори од обвинителството најавуваат дека двајцата директори на болницата, одговорниот на модуларната болница и на градската болница Тетово ќе одговараат за сторени кривични дела „тешки дела против општата безбедност“, „поттикнување општо загрозување“ и „не постапување” според здравствени препораки во време на епидемија”. Пирамидата на одговорност според извори на Алсат од страна на органите на прогонот е поделена на директна и индиректна одговорност.
Затворски казни до 5 години се предвидени за кривичните дела за кои се осомничени одговорните лица на Градската болница и за Градската болница како правно лице. Тие треба да одговораат според челнови од Кривичниот зкаоник кои предводуваат делото да биде изврешно од небрежност.
Кривичен законик, член 288
„Од 6 месеци до 5 години затвор, ќе се казни службеното лице или одговорното лице кое не ја постави потребната опрема за заштита од пожар, експлозиви, поплави, труење, отровни гасови или јонизација или не ја одржува опремата во функционална состојба или не постапува според препораките или техничкиот правилник за заштитни мерки и со тоа претставува ризик по животот или имотот на луѓето во голем обем“.
Чинот на небрежност е поврзано со индиректна одговорност на директорите на тетовската болница, која може да им го олесни кривичниот товар од 5 години на 3 или на крај парична казна.
Кривичен законик, член 288, ст.4
„Тој што делото од член 1, 2 и 3 го стори од небрежност ќе се казни со парична казна или со затвор до 3 години“.
Иако со став 4 од член 292 од Кривичниот законик за делата во кои има една или повеќе жртви, предвидена е затворска казна до 5 години, истиот став од член 288 го олеснува кривичниот товар за раководителите или одговорните лица на Градската болница. Во конкретниот случај, судот, оценувајќи ја тежината на материјалните докази и одговорноста на извршниот и економскиот директор, треба да одлучи дали ќе го прифати или не таквото предложеното олеснување од обвинителството, иако обвинението веќе ја поминал фазата на оценување и по поднесените обвиненија е закажано првото судско рочиште.
Кривичниот законик предвидува парични и затворски казни за непостапување по здравствени препораки, обвинение за кое се гони одговорниот во Модуларната болница вечерта на 8 септември.
Кривичен законик, член 206, став 1 и 2
„Тој што при епидемија на која било опасна заразна болест нема да постапи според прописите преку кои се спроведуваат мерките за спречување или отстранување на болеста, ќе се казни со парична казна или со затвор до 1 година. Доколку прекршокот од овој член го стори правно лице ќе се казни со парична казна“.
Истите извори додаваат дека и домашната и германската експертиза утврдиле дека одговорното лице на модуларното одделение има директна одговорност која ја поделил заедно со Градската болница на Тетово.Истрагата утврдила дека при тендерот и јавната набавка во изградбата на Модуларната болница немало пропусти и нема докази за проширување на истрагата или за дополнителни осомничени. Јавното обвинителство, повикувајќи се на заштита на истражната тајна, никогаш на јавноста не и ја објасни основата на обвинението, што всушност е далеку од очекувањата на јавноста и на семејствата на жртвите.
Судскиот тим ќе го предводи од судијата Јордан Велковски, а поради обемноста на предметот и големиот број сведоци се очекува процесот да трае со месеци.
Во пожарот во тетовската модуларна болница, кој според домашни и странски стручњаци бил предизвикан од продолжен кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, загинаа 14 лица, заболени од Ковид и нивни роднини. По трагедијата, оставки поднесоа директорот на тетовската болница, Флорин Бесими, економскиот директор Артан Етеми и заменик министерот и министерот за здравство, но Владата не го прифати заминувањето на Венко Филипче, кој во тоа време го водеше ресорот здравство.
Адриан Керими