Антикорупциска дополнително ќе одлучува дали ќе го проверува вработувањето на Ејупи
Антикорупциска дополнително ќе одлучува дали ќе го проверува вработувањето на Ејупи

Антикорупциската комисија на следната седница ќе одлучува дали ќе отвори нов случај по гласините во јавноста дека Бесмира Ејупи е вработена во МНР. Антикорупциска поднесе иницијатива за кривична пријава за ангажманот на Ејупи во 5 општини истовремено каде добила 12 илјади евра. Претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска, рече дека прво мора да разговара за околностите на евентуалното вработување, а потоа да одлучи за следните чекори.
Од Антикорупциска велат дека освен за општина Бервеница, обвинителството не постапувало по иницијативите за кривично гонење за петте градоначалници на општините во кои истовремено била ангажирана Ејупи.
Ден откако ВМРО ДПМНЕ откри дека Ејупи била вработена во МНР, овој ресор ниту го потврдува ниту демантира вработувањето на Бесмира Ејупи, а премиерот Димитар Ковачевски рече дека вработувањето се смета за административно прашање.
Премиерот Ковачевски го избегна и новинарското прашање колку пари потрошила Владата за сместување на свои функционери во Белград за време на саемот на вино во рамки на „Отворен Балкан“. Од Антикорупциска бараат Државното тело за ревизија да почне да биде ефикасно.
Опозицијата ја обвинува Владата дека потрошила стотици илјади евра за учество на саемот на вино во Белград, кој се организираше во рамки на Отворен Балкан./Alsat.mk
Мефаил Исмаили