ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Сончево со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд
Сончево со мала до умерена облачност, попладне услови за слаб локален дожд

Времето во државата ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Во попладневните часови облачноста наместа ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 28 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со постепен пораст на дневната температура. Во попладневните часови облачноста повремено ќе се зголемува и ќе има услови за слаб локален дожд.