ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ПРОТЕСТ во образованието, а годината само што почна

ПРОТЕСТ во образованието, а годината само што почна

Дел од учениците од основното училиште „Кирил и Методиј“ во Тетово го бојкотираа наставниот процес поради отпуштање на некои наставници. كازينو اون لاين عربي Родителите го изразија својот револт пред училиштето барајќи појаснување за ситуацијата.

Advertisements

„Од септември нема да има настава, треба да ни кажат тогаш да одлучиме каде сакаме и да го направиме нашиот избор. Не сега, кога се запознале, се поврзале со наставничката, да се враќаме од почеток. Ние не сме против новата наставничка, туку против партиите што го прават ова, било на власт или во опозиција. روليت

„Требало да има друг план бидејќи и јас сум во образование. Треба да ме известат во септември дека на Бутринт ќе му се смени учителката, а не син ми да ми се трауматизира од партиите кои решиле да тргнат совршена учителка и да ни донесат друга.“

Директорката на училиштето тврди дека на наставниците им биле истечени договорите, а од медиумите побара да си заминат.

„Со сите наставници потпишуваме договори за вработување и тоа го знаете. قواعد لعبة الروليت До 31 август им беше договорот. Денеска не можам повеќе да зборувам затоа што ги истрауматизиравте децата“, изјави Сузана Каба. директорка на о.у. „Кирил и Методиј“ – Тетово.

Од општина Тетово нè известија дека овие наставници треба да го чекаат конституирањето на новиот Совет по што ќе се распише конкурс и ќе можат повторно да се кандидираат.

„До конституирање на Советот не може да се распишуваат конкурси за нови вработувања. Во моментот кога ќе дојдат одобренијата за старото финансирање од Министерството за образование, овие работни места ќе се појават на конкурс и секој има право да се пријави“, рече Назми Даути. Сектор за образование на општина Тетово.

Деновиве десетици наставници и професори со договор на дело си заминаа од работа, а општината, иако се правда дека нема право да распишува нов конкурс или да им ги продолжи договорите, дозволува вработување на нови наставници.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button