ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Филипче: Не се планира викенд карантин

Засега не се предвидува воведување на полициски час во земјава како мерка за заштита од ширењето на Ковид-19, рече во одговор на новинарско прашање министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој воедно ги отврли шпекулациите дека за викендов, по примерот на некои соседни земји би можело да биде ставен во сила полициски час.
„Засега сметаме дека овие мерки се сосема доволни и ако во следниот период се почитуваат ќе дадат соодветни резултати“, рече Филипче.