МАКЕДОНИЈА
Филипче: Вакцините ги очекуваме во почетокот на следната година

Министерот за здравство, Венко Филипче очекува фармацевтската компанија „Фајзер“ дозволата за пуштање во промет на вакцината против Ковид-19 да ја добие до Нова Година. Како што кажа тој, дистрибуцијата на вакцините во земјава се очекува да се спроведе преку европскиот механизам „Ковакс“.
„Ние го потпишавме договорот, владата даде согласност, обезбеден е буџет, така што ги очекуваме вакцините преку овој механизам“, рече Филипче додавајќи дека вакцината би требало да пристигне во почетокот на следната година.