МАКЕДОНИЈА

Уставниот суд расправаше по три иницијативи

Уставниот суд расправаше по три иницијативи

Уставниот суд на денешната седница расправаше по три иницијативи за оценување на уставноста и законитоста.

Advertisements

Судиите по расправата ја отфрлија иницијативата со којашто се оспорува членот 1 во делот „на оваа уредба“ член 2 став 1, 2 и став 3 во делот „на оваа уредба“ од  Уредбата со законска  сила за роковите во судските постапки  за време  на вонредната  состојба и постапувањето на судовите и јавните обвинителства од 30.03.2020 година.

Од Судот информираат дека на седницата не е поведена постапка за членот 72 став 6 и дел од став 5 во делот „истата јавно ќе ја објави на својата веб-страница” од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, а е отфрлена иницијативата со којашто се оспорува членот 69 став 4 од Законот за управни спорови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button