ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Четвртиот сет економски мерки пред колапс

Четвртиот сет економски мерки е пред колапс. Помошта која треба да ја добијат компаниите во вид на плата за своите вработени не може да се реализира. Законот иако е на сила, не е функционален. Правилниците за негова имплементација се уште не се објавени на Сужбен Весник. А, тоа значи дека по 7. пропадна и вториот рок, односно до 10 ноември за аплицирање на компаниите за државна помош. Од Министерството за финансии велат дека ќе бараат Владата со одлука да го продолжи аплицирањето до 13 – ти, но сѐ уште немаат најдено правни механизми како тоа да го направат.

Advertisements

Владата ќе може да го промени рокот само ако во Законот е напишано дека со подзаконски акти кои ги носи извршната власт, може да се сменат термините за аплицирање. Ако ова не е напишано, Законот повторно треба да се врати во Собранието и со измени ќе се продолжи рокот. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска  вели дека се свесни за кусите рокови, но апелира компаниите да ги исплатат октомвриските плати на работниците, па да аплицираат за државна помош.

„Целиот процес ако се почне од првата фаза да се направи пролонгирање секако дека ќе има пролонгирање и во следните, други фази, меѓутоа за првпат се наоѓаме во една ваква ситуација. Тоа нема да се случува за помошта за ноември и декември“, вели Лукаревска.

Од Службен Весник велат дека во текот на денот ќе ги објават правилниците, за да може работодавачите да почнат со аплицирање. Но, речиси невозможно е за половина ден сите да успеат да поднесат барање. Оваа мерка од страна на Владата е најавувана како една од прироритените мерки во четвртиот сет економски мерки. Очекувањата се дека околу 20 илјади компании ќе аплицираат за оваа мерка и ќе добијат помош за исплата на плата во вредност од 14,500 до 21.770 денари во зависност од падот на приходите.

Андреа Чобанова

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button