ЗАБАВА

„Колинс“ го објави најупотребуваниот збор во годината!

„Затворање“ (lockdown) е прогласен за збор на годината од Речникот Колинс, по големата негова употреба за време на пандемијата. Овој збор „го сумира заедничкото искуство на милијарди луѓе“, наведе Колинс.

Advertisements

Лексикографите забележале повеќе од 250.000 употреби на зборот „затворање“ во 2020 – та  година, за разлика од само 4.000 пред една година. Други термини поврзани со пандемијата вклучуваат „самоизолација“, „физичко дистанцирање“ и „корона вирус“. Според овој речник, затворањето е дефинирано како „наметнување строги ограничувања на патувањето, социјалната интеракција и пристапот до јавните простории“. Зборот се појави во прв план, бидејќи владите ширум светот реагираа на првиот бран на корона вирусот, применувајќи остри ограничувања, со цел да го спречат истиот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button