ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Училиштата почнаа да штедат струја

Училиштата почнаа да штедат струја

Исклучени компјутери, клима уреди и ходници речиси темни. На овој начин училиштата почнаа да штедат струја по препораките од Владата. Од гимназијата „Зеф Љуш Марку“ за Алсат изјавија дека училишните простории постојано се под надзор на вработени кои сега имаат обврска и да го проверуваат секој апарат кој работи на струја.

Advertisements

„Директорот на училиштето има ангажирано двајца вработени во училиштето за да внимаваат цело време, тие проверуваат дали светлата се исклучени, а клима уредите не работат. Се проверуваат и компјутерите, на крајот од денот се исклучуваат кога не се користат. تعلم اسرار الروليت И класните раководители се известуваат и учениците да не ги палат светилата“, рече Ајше Беќири, Гимназија „Зеф Љуш Марку“.

Висар Дурак, директор на „Цветан Димов“ признава дека оваа зима ќе биде тешка. За да се намалат трошоците за енергија, директорот рече дека сите конвенционални светилки се заменети со ЛЕД.

„Клима-уредите, во училниците каде сега не ни треба ладење, ги исклучивме. Исто и компјутерите. العاب الربح من الانترنت Бидејќи комјутерите најмногу се користат на часот по информатика, се обидовме со професорите по информатика да ги користат што е можно пооптимално. Организирани сме околу светлата кои во текот на ноќта ни требаат поради камерите. Таму кај што нема светло камерите не работат. قوانين لعبة بلاك جاك Во нашето училиште, секоја година правиме промена, особено во осветлувањето каде што повеќето училници и ходници имаат ЛЕД светилки“, додаде Висар Дурак, директор на стручното училиште “Цветан Димов”.

Од 1 септември стапија на сила задолжителните мерки за заштеда на струја во државните институции. Предвидени се санкции за раководителите доколку не се почитуваат мерките, поточно доколку некоја институција не заштеди 15 отсто струја во однос на истиот месец пред една година./Alsat.mk

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button