ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Келменди: Апсењето на протагонистите на мирот во Косово е неприфатливо

Апсењето и депортацијата во Хаг на Кадри Весели, Хашим Тачи, Јакуп Красниќи и други, според Миѓен Келменди од ПДК, е неприфатливо. Според него, ова се сериозни потези и претставуваат вознемирувачка состојба што оди во прилог на политиките на Белград, од каде, како што вели Келменди, секогаш се барало ослободителите да бидат облечени како криминалци.

Advertisements

„Она што нè тера постојано да се грижиме, особено сега со почетокот на процесот и она што нè тера да го сфатиме со одреден страв е дека влегуваме во нешто што со години се бараше во Белград, а тоа е криминализација на оваа воена формација, обид да се претстават ослободителите како секаков вид криминални групи, негирајќи го фактот дека гаранцијата за мир беа истите протагонисти, а силата како ОВК е силата што помогна на големо зло, како на Србија на Милошевиќ да ѝ дојде крајот“, рече Килменди во своето вечерашно гостување во емисијата „200“ на Алсат, додавајќи дека ова е обид да се претстават  како луѓе склони на насилство и нехумани дела.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button