ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Време, сончево со утринска магла по котлините

Денеска по котлините вдолж Повардарието се очекува појава на магла, која околу пладне и рано попладне ќе се намали. Во останатиот поголем дел од земјава сончево со мала до умерена облачност.
Температурата ќе се движи од -1 до 13 степени.
Во Скопје слично време со температура до 14 степени.