МАКЕДОНИЈА

Климовски не го помина комисискиот филтер за уставен судија

Членовите на собраниска Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната седница не дадоа поддршка универзитетскиот професор Саво Климовски да биде избран за уставен судија, како предлог на опозицијата. Комисиската расправа ќе продолжи по едночасовната пауза дадена од претседателката на Комисијата Марија Георгиевска. По паузата, треба да биде разгледана биографијата на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, предложен за уставен судија од страна на владејачките партии. تكساس بوكر

Advertisements

Изминативе денови членовите на оваа Комисија дадоа поддршка на кандидатите Татјана Васиќ Бозаџиева, која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер.

Комисискиот филтер не го поминаа кандидатите Тодор Витларов, вработен во Вишото јавно обвинителство во Штип, судијата во пензија Бранко Секуловски, Воислав Димовски, доскорешен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Охрид и судијката од Управниот суд, Весна Јовановска. Досега е одбиена и кандидатурата на универзитетската професорка Родна Живковска, која беше предложена од опозицијата. افضل طريقة للعب الروليت

Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав. العاب عمل في الشركة Од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button