Евроамбасадорот Гир за референдумот: „Треба да се избегне!“
Евроамбасадорот Гир за референдумот: „Треба да се избегне!“

Било која иницијатива што може да го попречи евроинтегративниот пат треба да се избегне, вели евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир, прашан за иницијативата на опозицијата за референдум за поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија. Тој во вечерашното интервју за емисијата „360 степени“ кажа дека фокусот треба да се стави на самиот пристапен процес.
„Добрососедските односи се суштински дел од пристапниот процес и Европската Унија тоа го кажа неколкупати – дека имплементацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија, како и Преспанскиот договор, треба да се одвива во добра волја од сите. Секоја иницијатива што би можела да претставува чекор назад и со тоа да го попречи патот на евроинтеграцијата на земјата навистина треба да се избегне. Да се фокусираме на клучното прашање, а тоа е самиот пристапен процес“, изјави Дејвид Гир – евроамбасадор./Алсат.мк