ВМРО: Ако иницијативата за референдум има пречки, може да се подобри
ВМРО: Ако иницијативата за референдум има пречки, може да се подобри

Единствен начин да се види дали референдумот ќе биде успешен или не е да се одржи – вели првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој апелира СДСМ да го повика членството да излезе на референдумот и да гласа по свое убедување.
Но, од СДСМ велат дека референдумот нема да успее.
„Иницијативата на Христијан Мицкоски за референдум е негова нова измама кон граѓаните која нема да успее. По четири години, Мицкоски бара референдум за договорот кој јавно го поддржа пред бугарските функционери. Референдумот на Мицкоски е против македонскиот јазик и македонскиот идентитет во ЕУ и е само за негова лична внатрепартиска употреба“, велат од СДСМ.
Иницијативата за референдумот е веќе поднесена до Собранието, а за нејзиното формализирање треба да одлучи првиот човек на Собранието, Талат Џафери. Доколку тој одлучи дека иницијативата е во ред, го известува предлагачот, по што почнува процедурата за собирање 150.000 потписи. Но, ако Џафери оцени дека иницијативата не е во ред, тогаш за одлуката треба да се гласа на пленарна седница.
Фатлуме Дервиши