ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Хакираната веб-страница на МОН и денеска мртва

Хакираната веб-страница на МОН и денеска мртва

Официјалната веб-страница на Министерството за образование не работи веќе четврти ден по сајбер нападот. Од оваа институција не е јасно дали е откриен изворот на нападот, иако по нападот остана банер од грчкиот хакерски тим „Нетвочерс“. Министерот Јетон Шаќири за Алсат изјави дека овој напад треба да биде повик за будење за сите јавни институции да инвестираат во дигиталната инфраструктура. Тој рече дека граѓаните не треба да се грижат бидејќи на оваа страница нема база на податоци, туку била само информативна.

Advertisements

„Очекуваме да го завршиме префрлањето на веб-страницата на нова многу побезбедна платформа во рок од една до две недели“, изјави Јетон Шаќири, Министер за образование и наука.

Ова не е прв пат веб страницата на Министерството за образование да се соочува со вакви напади. И минатиот месец таа не работеше, а во истиот период под сајбер напад беше и електронскиот систем за поддршка „iKnow“ на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Исто така, во февруари оваа година, страниците на Министерството за образование, надворешни работи, Владата и Народната банка беа цел на напади на лица кои на Твитер тврдеа дека се дел од грчката хакерска група „Моќна Грција“. Косово, Албанија и Црна Гора исто така пријавија сајбер напади во последните денови. Владата на Косово на 6 септември објави дека неколку веб-страници на државни институции биле урнати, но не прецизираше кои./Alsat.mk

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button