ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Ковачевски денеска во посета на Атина на средба со Мицотакис

Енергетиката и енергетската стабилност во регионот се очекува да бидат во фокусот разговорите на премиерите на Македонија и Грција Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицотакис на нивната денешна средба во Атина. Македонската владина делегација предводена од премиерот денеска е во работна посета на грчката метропола и ќе биде примена од претседателот на Владата на Грција.
На вчерашниот редовен брифинг со новинарите портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во пресрет на средбата истакна дека тие секогаш се подготвени да им помогнат на земјите од регионот.