Македонската опозиција се сомнева дека премиерот Заев постигнал таен договор со неговиот бугарски колега Борисов

Изјавите на министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, македонската опозиција ги оценува како производ на договорот од 2017 година, што, според нив, дополнително ги влоши односите меѓу Северна Македонија и Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека премиерот Зоран Заев го крие договорот постигнат со неговиот бугарски колега Бојко Борисов и ова дополнително ја мотивира Бугарија да ја блокира нашата земја.
Од Алијанса на Алабнците и Алтерантива велат дека изјавите на бугарските официјални претставници покажуваат за пропустите што ги прават двете страни во процесот. Според нив, овој пристап ќе ја чини земјава -дипломатска изолација.
„Од една страна, бугарските власти го злоупотребуваат договорот за политички маркетинг. Од друга страна, контроверзните изјави, се типични за властите на Северна Македонија. Тие не се на линијата на дипломатските должности и нивната неспособност да иницираат политички притисок од ЕУ врз Бугарија ќе ја чини земјата долг период на дипломатска изолација“.
Коалиционите партнери имаат поделени ставови. ДУИ смета дека треба да се искористи историска можност за земјата.
“Нашата заложба како земја, институционална и политичка е да ја постигнеме оваа цел. Нема да престанеме да работиме за да ја постигнеме оваа стратешка цел ”.
СДСМ смета дека за идентитетот и јазикот нема да се преговара и покрај цената што може да ја плати земјата.
За во четврток е закажана седница на Комисијата за надворешна политика во Собранието на кој се поканети претставници на Владата. Опозицијата смета дека Заев и министрите треба да одговарат за досегашните преговори, но истовремено да ги усогласат своите ставови со Собранието со цел процесот на преговори да не наиде на внатрешни блокади поради политички разлики.
Adrian Kerimi