Голем интерес на граѓаните да се вакцинираат против грип

Започна вакцинацијата против сезонски грип. Интересот кај граѓаните е многу голем. Сепак, денес само граѓаните на Скопје, Неготино и Кавадарци имаа можност да се вакцинираат, бидејќи вакцината сè уште не стигнала во сите градови во земјата. Директорот на Здравствениот дом во Скопје, Виктор Исјановски, изјави дека во главниот град се вршат вакцинации во сите центри за вакцинација.
Докторката Даниела Марковска вели дека од година во година се зголемува интересот на граѓаните кои сакаат да се вакцинираат против сезонски грип. Сепак, додава дека оваа вакцинација е многу важна, особено во овој период на пандемијата со Ковид19.
Министерството за здравство соопшти дека утре и задутре вакцината за сезонски грип ќе биде дистрибуирана до сите здравствени домови во земјава. Ова е трета година како бесплатната вакцинација се обезбедува за ранливите категории на граѓани над 65 години, бремени жени, здравствени работници и деца до 5 години.
Mefail Ismaili