ВЕСТИМЕТРОПОЛ

Зошто на некои луѓе постојано им студи, а на други им е секогаш жешко?

Ги знаете оние луѓе кои и на 10 степени одат во маичка и тоа не им е проблем? Ама и оние што на 35 степени се жалат дека им студи, па дека би требале да ја исклучите климата?

Advertisements

Постојат неколку причини зашто на некои луѓе им е тешко да се прилагодат на надворешната температура, а на други им е многу лесно.

Ако одеднаш почувствувате бран на студ или топлотен вран, без температурата надвор да се смени, постои можност дека ќе се разболите. Во тој случај би требале да одите на лекар.

Ако сте забележале дека се препотувате облечени во тенка кошула, додека на сите околу вас им е нормално, можно е да ви расте телесната температура заради некој стрес што го доживувате. За да си помогнете себеси, важно е да научите подобро да се справувате со животот и со стресните ситуации.

Емотивната состојба може да ви ја крене температурата на телото. Испитувањата покажале дека кога луѓето се чувствуваат осамено, изолирано или депресивно, чувствуваат студ.

Од друга страна, ако им е пријатно, тогаш често ги облева бран на топлина.

Како да го решите проблемот?

Најдобро решение е да се облекувате прикладно, според надворешната температура. Погледнете ја временската прогноза или отворете го прозорецот за да почувствувате колку е топло или студено надвор.

Конзумирајте одредени типови храна што ќе ви помогнат да воспоставите внатрешен баланс на температурата. Преку зима јадете супи и јаглехидрати, во лето мали порции и многу зеленчук.

И конечно, обидете се да го решите проблемот во својата глава. Понекогаш, велат психолозите, доволно е да замислите тропски рај за да се загреете или снег и планина за да се стресете од студ.

Пробајте!

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button