Среде криза Владата воведува нови даноци, стопанствениците се противат

Министерството за финансии на големо се подготвува за воведување на нови даноци. Според најавите, даночна реформа ќе ги опфати хонорарците, а ќе се оданочуваат и банкарските заштеди на граѓаните и реинвестираната добивка на фирмите. Прогресивниот данок кој беше предизборно ветување на оваа влада, како можност за поправично оданочување, по сè изгледа дека повторно ќе се пролонгира. Од Стопанската комора велат дека сега воопшто не е време за нови даноци затоа што поради енергетската криза фирмите одвај преживуваат. Ова се само дел од поентите од вечерашната емисија Економски магазин на Алсат во 22 часот.
„Овој концепт за овие три даноци моментално почнуваат со спроведување според постоечките закони од јануари 2023, еден од нив е персоналниот данок односно прогресивниот данок односно прогресивниот модел на персоналниот данок, потоа следуваат депозитите и оданочување на приходи од капитал“, рече Фатмир Бесими, министер за финансии.
„Сега не е моментот за даночни реформи. Во моментов имаме незапаметен удар за компаниите, пораст на цените за енергенсите. Сум кажал, компанија која плаќала 17 илјади евра, сега плаќа 100 илјади евра, а зборуваме дека има помала потрошувачка на струја за истиот месец од ланската година“, рече Зоран Јовановски, Стопанска комора.