ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: сончево и топло

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер кој во западните делови ќе биде западен и ќе засилува, а вдолж Повардарието ќе биде југоисточен. Дневната температура ќе се движи од 26 до 35 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 32 степена.