ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Иде Дунав“ кон Град Скопје, цунами од вмровски оставки

„Иде Дунав“ кон Град Скопје, цунами од вмровски оставки

Дури тројца директори на јавни претпријатија при Град Скопје денеска поднесоа оставки од функцијата. Директорот на ЈП „Улици и патишта“ Борис Настов, директорот на згрижување на кучиња-скитници „Лајка“ Воислав Димитровски и директорот на „ЈСП Турс“ Филип Василевски си заминаа поради недоволна комуникација и разбирање со градоначалничката, Данела Арсовска. Но и покрај сè, таа вели дека не се повлекува од функцијата.

Advertisements

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изгледа посветен на намалување на тензиите меѓу него и Арсовска. Рече дека мнозинството во Град Скопје нема да се двоуми и ќе ги поддржуваат проектите значајни за граѓаните.

СДСМ тврди дека ја знае причината за несогласувањата меѓу Мицкоски и Арсовска. Според нив, причина е тендерот вреден 136 милиони евра.

Расколот меѓу Арсовска и партијата што ја поддржа нејзината кандидатура на локалните избори минатата година дојде како резултат на меѓусебните обвинувања меѓу градоначалничката и поранешниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ за тендер на кој, според Арсовска, директорот Златко Перински бил фатен на дело како се обидува да го злоупотреби. Перински ги отфрли ваквите обвинувањата барајќи од Арсовска да се извини, во спротивно против неа ќе поднесе кривична пријава за клевета и нарушување на угледот.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button