ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пронајдена голема количина оружје и муниција во кичевско, приведени две лица

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал ,ОВР Кичево и ОВР Гостивар, во текот на вчерашниот ден приведоа две лица од кичевското село Србица и запленија поголема количина на оружје.

Advertisements

Имено врз основа на претходна обезбедена наредба за претрес на дом од Судија на претходна постапка од Основен суд Кичево се извршени претреси во дом и помошни простории на Х.И. (27) и А. И.(52), син и татко, во с. Србица. При претресите пронајдени и одземени се четири автоматски пушки „калашников“, две полуавтоматски пушки, две пушки, седум рамки за автоматска пушка со куршуми, 12 пиштолски рамки со куршуми, пушкомитролез со добош за муниција ,два митралеза од кои еден митралез марка М 53, а другиот е протиавионски DSK 12,7 mm со постолје ,цевка од тежок митролез, нож бајонет, седум пиштоли, револвер, над 3500 куршуми 11 рачни бомби со запалка, три рачни бомби без запалка, прибор за чистење оружје, футроли, маскирни ранци, маскирни елеци, двогледи и други предмети. Мерките и активностите за расчистување на овој случај продолжуваат и во текот на денешниот ден, а против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави и ќе бидат предадени на јавното обвинителство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button