МАКЕДОНИЈА

135 санкционирани возачи во Скопје, 28 за возење под дејство на алкохол

135 санкционирани возачи во Скопје, 28 за возење под дејство на алкохол

На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 28 мерки за возење под дејство на алкохол.

Advertisements

Како што информираа од МВР, изречени се седум мерки за нерегистрирани возила, осум санкции за возач почетник, осум санкции за користење мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Засилените акциски контроли продолжуваат, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button