ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
441 санкционирани возачи на мотоцикли, 246 возеле без заштитна кацига
441 санкционирани возачи на мотоцикли, 246 возеле без заштитна кацига

Во периодот од 12.09.2022 до 18.09.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 441 возач. Од нив дури 246 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 110 возеле без возачка дозвола, четири управувале под дејство на алкохол, а поради измината важност на регистрацијата одземени се три мотоцикли, по чл.344 од ЗБСП..
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.