ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Млекото со астрномски цени

Млекото со астрномски цени

Цената на млекото во последните шест месеци континуирано се зголемува, што ги натера граѓаните двапати да размислат пред да го купат овој основен производ. Ако пред неколку месеци литар млеко од одредена фирма се купуваше за 35 или 40 денари, сега цената достигна најмалку 67 денари.

Advertisements

Цената на млекото во последните 6 месеци

Во август, во однос на јули 3,6% .
Во јули, во однос на јуни 3,6%.
Во јуни во однос на мај 6,7%
Во мај, во однос на април 5,4 %
Во април во однос на март 3,7%
Во март во однос на февруари 7,3%.

Поскапувањето продолжи и кај млечните производи. Урдата, сирењето, јогуртот и особено кашкавалот имаат огромни поскапувања, што уште повеќе ги плаши граѓаните во наредните месеци.

За да се спречи поскапувањето на основните прехранбени производи, вклучително и на млекото, Владата усвои две мерки: ограничување на трговската маржа на 10% за кравјо млеко со маснотии од 2,8, 3,2, и 3,5%. И втората мерка, укинување на царинската давачка од 20 отсто на 0 и од 15 отсто на 0 отсто што почна да се применува од 1 септември 2022 година и ќе важи до 31 декември 2022 година. Во меѓувреме потрошувачката кошничка за четири члено семејство достигна 48 илјади денари./Alsat.mk

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button