
Во пожар изгоре уште една стара градба во центарот на Скопје. Денес напладне изгоре стара барака кај „Рампа“.Освен материјална штета, нема повредени иако во овие бараки било сместено бездомничко семејство. Командирот на противпожарната служба во Скопје, Звонко Томески рече дека објектот го нашле зафатен од пламен, но навреме интервенирале.
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски изјави дека не се познати причините за пожарот. Тој додаде дека Општината пред неколку месеци била информирана дека во таа барака нелегално живеело едно семејство.
Запрашан дали општината добила барање за издавање градежна дозвола за парцелата на која се наоѓаат бараките, Герасимовски рече дека такво барање не добиле.
Герасимовски рече дека за една година во општина Центар имало три пожари, а причина за сите три пожари се жителите кои живееле на диво. Пред само неколку месеци пожар ја уништи зградата на поранешната фабрика Треска, и каде сега тереното се расчистува и се очекува да започне изградбата на станбени згради./Alsat.mk
Мефаил Исмаили