
Цените на прехранбените производи го достигнаа врвот. Оваа недела поскапување има и на средствата за хигиена и детергентите. Граѓаните во маркетите доаѓаат и разгледуваат, но ги купуваат само најпотребните работи. Ова семејство вели дека со парите купиле само половина од производите кои ги купувале порано.
„Ова чинеше 3.330 денари, само тоа што го гледате. Поскапо е од порано, оваа кошница може да биде 1.800 денари, но сега е дупло“…
„Ова не е во ред, но што да правиме, луѓето се без работа. Да, прехранбените артикли кои се најважни секојдневно поскапуваат, за другите да не зборуваме. Оние што мораме да ги земеме за егзистенција, ако се намалат цените, ќе се ублажи ситуацијата“, реагираат граѓаните.
Податоците на Државната агенција за статистика покажуваат дека за една година одредени цени двојно се покачиле. Во споредбата со август 2021 година и август 2022 година, процентот се движи од 22-46%.
Државен завод за статистика
Споредба на цените август 2021- август 2022:
Сончогледово масло за готвење +46,7% за една година
Леб, брашно и производи од житарки +44,1%
Млеко, млечни производи и јајца +26,9%
Месо и производи од месо 23,3% во рок од една година
Шеќер, мед и слатки +22,6%
Од Стопанската комора на Сеерозападна комора велат дека продолжувањето на маржата за основните производи за уште 3 месеци не се очекува да има значително влијание врз намалувањето на цените на прехранбените артикли. Дурим Зеќири од Комората вели дека во комуникација со компаниите се принудени да ги зголемат цените на финалните производи поради струјата и нафтените деривати.
Владата три месеци го продолжи ограничувањето на комерцијалната маржа за основните прехранбени производи во трговијата на големо и мало. Ова се однесува на белиот леб, шеќерот како и рафинираното сончогледово масло кое е до 5% во големопродажба и до 5% во малопродажба. Трговска маржа до 10% е утврдена за пченичното брашно, тестенините, белиот ориз, кравјото млеко и јајцата. Оваа маржа за основни производи ќе продолжи до крајот на декември.
Аднан Ќаили