ЗАБАВА
Хроно кекси со ’ржано брашно


Алсат
30.06.2020 08:18
Денеска препорачуваме ‘лајт’ исхрана, хроно кекси со ‘ржано брашно.
Состојки:
- 300гр ржано интегрално брашно
- 30гр растопен путер
- 150мл вода
- 1 лажичка сол
- 1 пециво
За премачкување
- 1 белка
- малку вода
- за наросување сусам и ленено семе
Се меси потврдо тесто и се сука тенка кора. Со помош на чаша се вадат кругови, а со помала чаша на средина им се прави дупка.
Се редат на масна хартија во плех се премачкуваат со изматена белка со малку вода и се наросува сусам и ленено семе. Се печат во загреана рерна на 180 степени околу 15мин.