СВЕТ
Фон дер Лајен упати предупредување до италијанската десница

Шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја предупреди Италија на последиците доколку отстапи од демократските принципи, упатувајќи едвај прикриена закана пред изборите в недела, на кои се очекува да победи десничарскиот блок предводен од Џорџија Мелони.
„Мојот пристап е дека која било демократска влада е подготвена да работи со нас, ние работиме заедно“, рече таа како одговор на прашање на Универзитетот Принстон во САД во четвртокот. „Ако работите тргнат во друга насока, зборувам за Унгарија и Полска, имаме алатки“, додаде таа.