ЕКОНОМИЈА
Битиќи: Граѓаните да бидат спокојни, топлинска енергија ќе има

Граѓаните да бидат спокојни, топлинска енергија ќе има, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
-ЕСМ и „Адора“ влегуваат во преговори кои мора да се согласно сите законски прописи и процедури. Сѐ што е возможно ќе се направи. Ние велиме дека топлинска енергија за граѓаните секако ќе има и тие треба да бидат спокојни.