ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Османи ги претстави во Собранието приоритетите на претседавањето со ОБСЕ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска во Собранието, ги претстави приоритетите на претседавањето на Северна Македонија со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2023 година.

Advertisements

Како што соопшти МНР, на работен состанок со Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на ОБСЕ, Османи ги презентира рамковните приоритети, како и предизвиците кои се очекуваат при нивната имплементација, со оглед на сложените политички и безбедносни прилики со кои се соочува регионот на Организацијата.

-Мали држави ретко добиваат ваква шанса да се покажат на голема сцена. Ова е голема шанса за Северна Македонија во период кога регионот на ОБСЕ се соочува со една од најголемите безбедносни закани. Ова е проект од државно значење и претставува признание на нашите реформски напори дома и на нашата проактивна надворешна политика, како веродостоен и одговорен чинител во регионот и пошироко. Тоа беше потврдено на Министерскиот совет во Тирана во 2020, кога консензуално, со поддршка на сите земји учеснички ни беше доверен мандатот да бидеме на чело на Организацијата во 2023, рече Османи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button