ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Арсовска: Денеска ќе ги објавиме имињата на новите директори

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска изјави дека денеска во текот на денот ќе ги објави имињата на новите директори на јавните претпријатија.
„Постапката е завршена, комплементарно ќе бидете информирани. Кога ќе бидат објавени имињата. Многу брзо… во тек на денот“, изјави Арсовска.
Голем дел од институциите под Град Скопје се без директор, бидејќи директорите кои дојдоа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ си поднесоа оставки.