ЕКОНОМИЈА
Мицкоски: Ги нудиме сите наши контакти за обезбедување ресурс за поевтина енергија

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги понуди до бизнис заедницата, но и до владата, сите свои контакти со кои, како што изјави партискиот лидер, Христијан Мицкоски, ќе се овозможело производство на електрична енергија двојно поевтина од онаа на берзата.
„Ги ставаме на располагање на бизнис заедницата, а индиректно и на Владата, сите наши контакти да обезбедиме ресурс со којшто ќе произведеме електрична енергија којашто ќе биде најмалку двојно поевтина од таа којашто е на референтната берза Хупекс и истата да ја користи стопанството, а сѐ со цел да спасиме од губење стотици илјади работни места во периодот што следи“, рече Мицкоски.