Даути ги уверува граѓаните: Нема да има недостиг од прехранбени производи

Бизнисменот Џемали Даути поканет во вечерашната емисија „Економски Магазин“ ги уверуваше граѓаните дека нема да има недостиг од прехранбени производи. Даути дури рече дека ќе почне и намалувањето на цените, подвлекувајќи го во овој случај намалувањето на прекуокеанскиот транспорт, пишува Алсат.
„Мислам дека нема да дојдеме до таа ситуација, ќе има делумен недостиг на производи. Напротив, има сигнали дека цената на некои производи, како што се споменува цената на пилешките батаци, или пилешкото, дека цената веќе почнала да паѓа. Паѓа на берза и нормално е што дури и трговците овде ја прилагодуваат пазарната цена. Почнаа да паѓаат цените на трансокеанскиот транспорт, транспорт што го плативме од Индонезија до Солун 8 илјади долари, сега плаќаме 4500-5000 долари, од таму доаѓаат и прехранбените производи. Има надолен тренд, како што има тренд на опаѓање кај нафтените деривати, има тренд на намалување и кај транспортните линии… Ќе има доволно залихи, нема да има недостиг… Кај нас проблемот што бара решение е цената на енергенсите струја“, рече Џемали Даути, бизнисмен.