Ни денеска го нема кумановецот кој со возило излета во Вардар
Ни денеска го нема кумановецот кој со возило излета во Вардар

Нема трага од младиот кумановец Ердон Рамадани, кој враќајќи се од Тетово со автомобилот голф 4 од автопат заврши во реката Вардар.
Потрагата денеска продолжува по возачот кој пред неколку дена имаше сообраќајна несреќа овде на автопатот кај Желино. Во меѓувреме, како што можете да видите, по потврдата дека возачот се смета дека е кумановец, во потрагата по лицето денеска се вклучија и членови на полицијата и членови на семејството од Куманово.
Членовите на семејството велат дека Ердон отишол да го плати семестарот. Татко му Насер Рамадани се вратил од Австрија за да се вклучи во потрагата.
„Дојдов синоќа од Австрија бидејќи таму работам. Членовите на семејството се сите тука, дојдени од странство, го бараме. Детето требаше да го плати семестарот во Тетово, беше четврта година по социологија, но еве, сакаше Господ и ова се случи. Овде сме од четири часот наутро, но сè уште нема никаков знак. Апелирам кој има можност да дојде да го бараме мојот син, го имам само овој син“, вели таткото на Ердон.
„Овде сме од пет и пол. Подоцна дојдоа и пожарникарите, дојдоа во шест и пол“, рече чичкото на Ердон.
„Детето само патувало. Студент е во четврта година по социологија. Апелирам што помасовно да излезат овде, бидејќи државата е катастрофа. Побаравме помош и од Косовските безбедносни сили, ни рекоа дека ќе ни помогнат“, вели еден роднина на Ердон.
Управата за заштита и спасување ангажира и нуркачи.
Од Секторот за внатрешни работи Тетово и од Обвинителството сè уште не информации за можните причини за несреќата што се случи вчера попладне.
Башким Сулејмани