Левица ја почна процедурата за референдум против Францускиот предлог

Левица ја започна процедурата за организирање референдум против веќе прифатениот француски предлог. Прашањето што го предлагаат е „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ со прифаќање на собраниските заклучоци од 16 јули 2022“. Бараат референдумот да биде со задолжителен карактер. Во ДИК партијата на Димитар Апасиев ја започна иницијативата за собирање на првичните 100 потписи.
Од Левица не очекуваат Џафери да ја оцени иницијативата како неуставна, но доколку тоа се случи, велат дека целосно ќе го блокираат Собранието. Апасиев очекува поддршка од сите опозициски партии. Но, ВМРО-ДПМНЕ не е сигурна за своето дејствување во овој случај.
Секој референдум што би ги попречил преговорите со ЕУ, за СДСМ е само на штета на државата.
Првиот човек на Собранието Талат Џафери пред десетина дена ја оцени како неуставна иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за организирање на референдум за напуштање на важноста на законот за ратификација на Договорот со Бугарија, а тој исто така ќе влијаеше и на процесот на преговори со ЕУ.
Фатлуме Дервиши