Во Македонија се рециклира само 30% од отпадната амбалажа

Законот за управување со отпад веќе неколку месеци е блокиран во Комисијата за финансии, со што е прекината реализацијата на проектите за управување со отпад од витално значење, во време кога низ државата има илјадници диви депонии. Тие повремено се палат и дополнително го загадуваат воздухот. Министерството за животна средина од јануари ќе им помогне на општините да ги создадат потребните услови за рециклирање, искористувајќи 65 милиони денари собрани од продажбата на најлонски кеси.
„Ако немаме можност да инвестираме во инфраструктура за собирање отпад, за жал никогаш нема да имаме решение за отпадот кај нас. Согласно законот, тие алатки не можеме да ги користиме оваа година, затоа ја подготвуваме програмата за следната година и во јануари ќе почнеме да ги користиме контејнерите за рециклирање“, рече Насер Нуредини – министер за животна средина.
Процентот на рециклирање на отпад од пакување кај нас се претпоставува дека е околу 30, додека целта е до 2030 година овој процент да достигне 70.
Ивановски потенцира дека свеста на граѓаните за рециклирање ќе се зголеми кога ќе ја има потребната инфраструктура.
Еви Шкопи